Речиси 150 лица се уапсени како дел од глобалната акција против илегалната трговија на дарк веб, објави во вторникот Европол, што е една од најголемите такви акции до сега.
Во акцијата наречена DarkHunTOR запленети се неколку милиони евра пари и биткоини, дрога и оружје.
Акцијата дојде откако DarkMarket предводена од Германија, еден од главните пазари на темната мрежа, беше уништен во јануари под германско водство.
Акцијата DarkHunTOR се состоеше од акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД, според Европол.
Околу 65 лица се уапсени во САД, 47 во Германија, 24 во Британија, четири во Италија и четири во Холандија. Неколку од уапсените биле важни цели на Европол.
Запленети се 26,7 милиони евра пари и криптовалути, дрога, вклучувајќи 25.000 парчиња екстази и 45 парчиња оружје.
Италијанската полиција ги затвори илегалните пазари ДипСи и Берлускони, каде што се рекламираа повеќе од 100.000 нелегални производи, соопшти Европол, кој ја координираше акцијата со Еуројуст.