Европејците се сѐ постари

Сподели со своите пријатели

Населението на Европската унија (ЕУ) значително ќе старее во просек во наредните децении – до 2070 година уделот на лицата постари од 65 години во населението ќе достигне 30,5 отсто, објави германскиот завод за статистика.

Loading...

Според податоците на европската статистичка агенција Еуростат, на почетокот на 2023 година уделот на лицата постари од 65 години во ЕУ бил 21,2 отсто, пишува ДПА.

За прогнозата, статистичарите го задржаа сегашниот обем на нето имиграција во ЕУ од 1,2 милиони луѓе годишно.

Доколку имиграцијата би се зголемила за една третина, стареењето на европското население би забавило само малку, па во тој случај бројот на луѓе над 65 години во 2070 година би бил 29,5 наместо 30,5 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДВ: Хибридната војна на море веќе започна

Минатата година земја со најмногу граѓани над 65 години беше Италија (24 отсто). Во Португалија тие биле 23,9 отсто, а во Финска 23,1 отсто.

Доколку имиграцијата остане стабилна, во 2070 година Литванија ќе има најмногу стари лица – 36 отсто. Во Италија и Португалија таа бројка ќе се намали на 34 проценти.

Во тој случај, Германија ќе падне на долната третина на табелата со 29 отсто, а најмал удел на лица над 65 години ќе има Шведска (27 отсто).

На 1 јануари 2023 година, ЕУ имаше 451,4 милиони жители. Без зголемување на стапката на имиграција, населението ќе се намали на 432,2 милиони до 2070 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Евакуиран еден од најголемите аеродроми во Англија: Сите летови се одложени!

Без имигрантите, населението на ЕУ би се намалило уште позначајно, на 358,4 милиони. Ако позитивната стапка на имиграција се зголеми за една третина, бројот на жители на ЕУ ќе се зголеми на 465,5 милиони.