Европа очекува седум милиони бегалци од Украина

Сподели со своите пријатели

Европската комисија денеска објави дека Европа се соочува со најголемата хуманитарна криза во многу долг период по рускиот напад на Украина и дека бројот на раселени лица може да надмине седум милиони.

Loading...

– Се соочуваме со нешто што може да стане најголемата хуманитарна криза во наше европско време во многу, многу долг период. Потребите растат од момент во момент – изјави еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Јанез Ленарчич.

Во обраќањето на прес-конференција во Брисел, тој изјави дека очекуваниот број на раселени Украинци е над седум милиони, имајќи ја предвид целокупната хуманитарна ситуација, пренесуваат агенциите.

Ленарчиќ зборуваше по специјалниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ на кој се разговараше за кризата.