Европа на нозе: Руски дрон ја оштети куполата над Чернобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руски дрон наводно удрил во купола која била поставена над уништениот реактор на нуклеарната централа Чернобил!

Loading...

Нападот наводно се случил во текот на ноќта, а кружи видео на кое се гледа наводниот момент на ударот врз куполата.

 

@trendynewstalk Russian Drone Attack Hits Chornobyl’s Vital Radiation Shield #russia #ukraine #chernobyl ♬ original sound – TrendyNewsTalk

 

Оваа купола е изградена пред речиси четири децении преку меѓународна соработка за да ги задржи остатоците од катастрофата во Чернобил во 1986 година.

Куполата е дизајнирана да спречи истекување на радијација и да ја заштити локацијата од опасности од околината.

„Ова засолниште го изгради Украина заедно со другите земји од Европа и светот, заедно со Америка – сите оние кои се залагаат за вистинската безбедност на човештвото“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Единствената земја во светот која напаѓа такви локации, окупира нуклеарни централи и води војна без оглед на последиците е денешна Русија“, рече Зеленски.

 

 

Според украинските власти, нападот предизвикал оштетување на куполата.

На 26 април 1986 година, најголемата нуклеарна катастрофа во историјата се случи во Чернобил, кога експлодираше реакторот број 4 во нуклеарната централа Владимир Илич Ленин во тогашниот Советски Сојуз (денешна Украина).

Експлозијата се случи за време на тестирање на безбедносниот систем, поради комбинација на лош дизајн на реакторот и грешки на операторот.

Експлозијата предизвика огромен пожар и испуштање на радиоактивни честички во атмосферата, кои се проширија низ Европа.

Loading...

Најпогодени беа Украина, Белорусија и Русија.

Илјадници луѓе беа евакуирани од блискиот град Припјат, но предоцна за да се избегне изложување на радијација.

Директните последици вклучуваат смрт на работници и пожарникари, додека долгорочните последици вклучуваат зголемена стапка на рак, контаминација на животната средина и трајна забрана за населување во зоната на исклучување на Чернобил.

Катастрофата во Чернобил имаше глобални последици, што доведе до промени во нуклеарните политики и стандардите за безбедност, како и до нарушување на довербата во советската власт, што придонесе за последователен распад на СССР.