Европа лансира сонда за набљудување на Сонцето

Сподели со своите пријатели

Научниците лансираа вселенско летало Solar orbiter, кое ќе го истражува Сонцето и ќе собира податоци од различни растојанија за подобро разбереме каква е ѕвездата на нашиот сончев систем.

Loading...

Според Европската вселенска агенција (ЕСА), сондата ќе биде лансирана од космодромот во Кејп Канаверал, Флорида, во соработка со американската агенција НАСА.

Што ќе се случи кога Сонцето „ќе умре“? (ВИДЕО)

Solar orbiter ќе носи десет мерни инструменти. Планирано е сателитот, кога ќе се наоѓа зад Венера, а потоа и орбитата на Меркур, да се приближи до Сонцето на 42 милиони километри, што е помалку од една третина од растојанието на Земјата од Сонцето.

Максималната брзина на сондата треба да биде 245.000 километри на час.

Астрофизичарка: За 3,5 милијарди години, сонцето ќе свети 40% повеќе, морињата ќе вријат…

Собраните податоци ќе ги надополнат оние собрани од истражувањето „Паркер“ на НАСА, започнато во 2018 година.

Паркер беше многу поблизу до Сонцето (седум до осум милиони километри), но немаше технологија за директно набудување бидејќи температурата беше превисока на тоа растојание.

Loading...

Дали Сонцето има улога во климатските промени?

Заедничкиот проект на европските и американските агенции ќе чини милијарда и пол долари и ќе овозможи набудување на сончевата плазма и магнетно поле од различни растојанија.

Leave a Reply