Европа добива суперкомпјутер со моќност како пет милиони лаптопи

Сподели со своите пријатели

Првиот европски суперкомпјутер, способен да врши повеќе од еден квинтилион (18 нули зад единицата) компјутерски операции во секунда, ќе биде изграден во истражувачки центар во Германија.

Loading...

Според истражувачкиот центар „Јулих“, кој се наоѓа во близина на Келн, компјутерската моќ на овој суперкомпјутер ќе биде поголема од комбинираната моќност на пет милиони лаптопи.

Таканаречениот суперкомпјутер ExaFLOPS ќе се вика Јупитер, а ќе го креира IBM. Неговата цел е да изврши важни и итни научни пресметки, кои се однесуваат на климатските промени, како да се бориме со пандемијата или како да обезбедиме одржлива енергија.

Трошоците за изградба на овој суперкомпјутер се околу 500 милиони евра. Половина од оваа сума ќе дојде од Европската иницијатива за суперкомпјутери – EuroHPC JU, додека другата половина ќе ја обезбедат германските министерства.

Јупитер е дизајниран како „зелен“ суперкомпјутер и ќе се напојува од еколошка електрична енергија, велат од институтот. Се наведува дека Јупитер ќе биде инсталиран во текот на 2023 година.