Жалфија или латински Salvia officinalis уште од дамнешни времиња се користи за лечење на скоро секоја болест.
Модерната наука докажала дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство. Смирува, освежува и закрепнува, помага против болки и висока температура, може да го намали нивото на глукоза во крвта што го прави корисен и кај дијабетичарите.
Мед и лук, наместо таблети против главоболка
Неодамна се покажало дека жалфијата го подобрува памтењето и делува против Алцхајмеровата болест.
Праксата докажа дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага кај исфрлување на слузот од организмот. Поволно дејствува на циркулацијата, но и против крварење и воспаление.
Поради силното антисептичко дејство се користи за лекување на афти, непријатен здив, проблеми со грлото и крајниците, кариес и загноени десни. Ако имате такви проблеми правете гаргара од жалфија.
Седум органи без кои нашето тело може да функционира
Жалфијата делува против зачестаните повраќања и дијареја, а подобро отколку било кое друго растение помага при работата на цревата и желудникот.
Поволно делува и на женските мачнини. Го подбрува тонусот на материцата, длеува антигабично, помага кај релугирање на менструацијата, ја успорува хормонската рамнотежа и спречува тегоби при менопаузата.
Жалфијата помага и во работата на бубрезите и спречува настанување на едем.