Ако веднаш облечете нова облека без претходно да ја измиете, може да забележите црвенило на вашата кожа неколку дена подоцна. Алергискиот контактен дерматитис е реакција на имунолошкиот систем на алерген кој дошол во контакт со кожата. Предизвикува задоцнета реакција – осип кој се појавува неколку дена по изложувањето и може да трае со недели.
– Алергискиот контактен дерматитис најчесто го предизвикуваат боите на облеката – вели др. Сузан Недорост, професорка по дерматологија на Универзитетот Кејс Вестерн Резервер.

Овие бои првенствено се користат во синтетички материјали за облека како што се полиестер и најлон. Овие бои се ослободуваат од материјалот при потење и триење со материјалот. Несаканите реакции може да се избегнат со перење алишта пред носење, со што ќе се отстрани вишокот на боја.
Сепак, алергискиот осип не е единствената реакција што може да биде предизвикана од непроменета облека. Во студија од 2014 година, група истражувачи од Универзитетот во Стокхолм во Шведска тестирале 31 облека купена во продавници кои се разликувале по боја, материјал, бренд, земја на производство и цена.

Тие пронајдоа тип на хемиско соединение наречено „хинолин“ во 29 од 31 ставка, а нивоата на оваа хемикалија беа особено високи во облеката од полиестер. Улрика Нилсон, член на истражувачкиот тим, додаде дека пронашле и две други хемиски соединенија кои можат да бидат штетни за здравјето.
– Во ваш најдобар интерес е да ја перете облеката пред да ја носите бидејќи тоа ја намалува содржината на хемикалии – вели Дејвид Ендрјус, постар научник кој ја истражувал употребата на хемикалии во текстилната индустрија.
Тој додаде дека производителите не наведуваат дека користат хемикалии на облеката, кои се потенцијално опасни по здравјето и можат да бидат штетни за животната средина.
– Зачудувачки е да се купи маица која наводно е 100% памук, но никаде не е наведено кои хемикалии ги содржи – заклучил тој, а пишува Тајм.

