Иако кафето има бројни здравствени придобивки, престанувањето со негово конзумирање е правилна одлука за некои луѓе. Но, колку и да звучи примамливо да престанете да го пиете најпопуларниот пијалок во светот, процесот треба да биде постепен.
Експертите им препорачуваат на оние кои пијат кафе полека да ја намалуваат количината на кафе што ја пијат во текот на денот и да си дадат време да се прилагодат на таа промена. Нашите тела со текот на времето стануваат зависни од кафе, а неговото елиминирање, доколку се случи наеднаш, може да доведе до некои непријатни симптоми.
Може да имате главоболка
Ако некогаш сте се разбудиле со главоболка, веројатно знаете дека шолја кафе може да ја намали. Ова се случува затоа што кафето ги стеснува крвните садови во вашиот мозок.
Кога одеднаш ќе одлучите да го исклучите кафето од исхраната, тоа предизвикува проширување на крвните садови, што го зголемува протокот на крв во мозокот. Вашето тело може да одговори на оваа промена со болни главоболки кои ќе траат додека мозокот не се прилагоди на зголемениот проток на крв.
Може да станете анксиозни
Колку и да звучи контрадикторно, престанувањето со пиење кафе може да ве направи понервозни. Телото е ментално и физички зависно од кофеинот по некое време. Кога ќе престанете да го консумирате, може да настане анксиозност и стрес.
Може да влијае на вашата кожа
Анксиозноста може да се манифестира со потење и забрзано чукање на срцето, а не е добра ниту за кожата. Го поттикнува производството на кортизол, хормон на стрес, кој влијае на порите на кожата и предизвикува зголемување на производството на себум.
Ова пак може да доведе до затнати пори, митесери и мрсна кожа. Стресот и анксиозноста се најлошите непријатели на вашата кожа, па дури и може да предизвикаат предвремено стареење на кожата.
Забите може да станат почувствителни
Еден од најнепријатните симптоми на откажување од кофеин е гадење. Вознемирениот стомак може да предизвика повраќање, што може да влијае на вашите заби. Додека пиењето кафе може да влијае на изгледот на жолтеникавите заби, прекинот на кафе не е добро за вашето орално здравје. Повраќањето може да предизвика сува уста и ерозија, што ги прави забите почувствителни и склони кон кариес
Може да почувствувате вртоглавица
На телото му треба време да се прилагоди на прекинот на консумацијата на кафе и може да одговори со вртоглавица. Седнете или легнете ако чувствувате вртоглавица. Овој симптом обично трае до 9 дена.
Можеби ќе ви биде потешко да се концентрирате
Освен што ви помага да се разбудите, кафето може да го подобри и вашиот фокус. Кофеинот го зголемува нивото на адреналин, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и стимулирање на мозокот. Кога ќе одлучите да живеете без кофеин, на почетокот може да имате проблеми со концентрацијата, но со текот на времето вашето тело ќе научи да функционира без него.