Родителите во Германија трошат просечно 763 евра месечно на своето дете, откри Федералното биро за статистика врз основа на податоците од 2018 година.
Според списанието Феникс, трошоците за децата биле повеќе од една петтина (21 процент) од вкупните трошоци на овие домаќинства, а за самохраните родители биле дури 35 проценти.
Половина од потрошеното за децата се состои од основни потреби како што се храна, облека и дом. Приближно 15 проценти од трошоците биле потрошени на забава, разонода и култура.
Како што се зголемува бројот на деца во семејство, трошоците за дете се намалуваат. Односно, парот троши 1.276 евра месечно на две деца, 1.770 евра за три деца.
Колку постари стануваат децата, толку се поголеми трошоците.
Паровите со дете на возраст под шест години трошеле 679 евра месечно на дете. На таа возраст, грижата за децата игра поголема улога како ставка на трошоците, односно плаќање на надоместок за градинка.
За адолесценти, на возраст од 12 до 18 години, родителите во домаќинства со едно дете трошат значително повеќе во просек, 953 евра месечно.
Постојат позначајни и поголеми трошоци за храна и трошоци за одмор, забава и култура, објаснуваат статистичарите.