Според метеоролозите, денес во Македонија во утринските и претпладневни часови ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди, а во западните предели ќе биде претежно облачно.
Околу пладне од запад се очекува продор на влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд во западните предели, а во попладневните часови, дождот ќе се прошири и во останатите делови на Македонија.
Во западните предели врнежите ќе бидат поинтензини и локално се очекуват да наврнат до 25 литри дожд, додека на планините над 1200 метри се очекуваат врнежи од снег.
Ќе дува умерен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина до 30 км/ч.
Минималните температури од 0 до 9 степени, а максималните од 4 до 15 степени.
Под влијание на циклонска циркулација, и во петок се очекува нестабилно време со врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се интензивираат и локално да наврнат и до 40 литри дожд особено во југозападните и источните предели.