Eве како може да изгледа најевтиниот автомобил на Тесла? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тесла Модел 2 треба да чини 25.000 долари, без субвенции.

Loading...

Американскиот производител на електрични автомобили работи на нов, компактен модел, кој ќе биде најевтиниот Тесла модел до сега.

Овој хечбек треба да носи ознака Model 2 и да чини 25.000 долари, без субвенции од владата.

Иако дизајнот на автомобилот сеуште не е откриен, нема сомнение дека ќе има препознатливи стилски детали за актуелните автомобили на Тесла, па веќе се шпекулира како може да изгледа Модел 2.

 

 

Независниот дизајнер, Никита Шујко, кој редовно објавува неофицијални рендери од идните сериски модели, уште еднаш се обиде да ни го прикаже надворешниот дизајн на идниот најевтин автомобил Тесла.

Loading...

Времето ќе покаже колку тој беше успешен во тоа, имајќи предвид дека лансирањето на Модел 2 беше најавено за 2023 година, иако првите копии од пред-продукција можевме да ги видиме една година порано.