Повеќе од 1,1 милиони луѓе беа евакуирани од областа на западниот брег на Индија пред влијанието на циклонот Јас.
Циклонот се очекува да го погоди индискиот брег денес околу пладне.
Повеќе од илјада спасувачи се на теренот, воздухопловните сили и морнарицата се во готовност.
Невремето и силниот дожд поради циклонот убија две лица и уништија неколку куќи во сојузните држави Одиша и Западен Бенгал.
„Многу силна циклонска бура“ носи со себе ветрови со брзина до 155 километри на час, соопштија индиските метеоролози.
Како претпазливост, воздушниот и железничкиот сообраќај се затворени.
Најмалку 155 лица загинаа минатата недела во циклонот Тауктае во западна Индија.
Таа држава се бори и со тежок бран на инфекција од коронавирус.