Евакуиран еден од најголемите аеродроми во Англија: Сите летови се одложени!

Сподели со своите пријатели

Аеродромот Гетвик во Лондон утрово е итно евакуиран поради безбедносен инцидент, соопштено е.

„Аеродромот Гетвик ќе биде затворен до понатамошно известување. Полицијата и итните служби се на терен и се справуваат со инцидентот на аеродромот“, соопштено е.

Еден патник на социјалната мрежа Х напиша дека сите летови се одложени.

 

 

Како што јавуваат медиумите, поголем дел од јужниот крај е евакуиран.

„Безбедноста на патниците и персоналот е наш најголем приоритет. Работиме напорно за да го решиме проблемот“, соопшти управата на аеродромот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија го намалува увозот на гас од Русија