Службите за итни случаи го евакуирале терминалот 2 на лондонскиот аеродром Хитроу, а причината засега е непозната, пишува Дејли Мејл.
Loading...
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како патниците го напуштаат терминалот, како и амбулантни возила паркирани надвор и полиција со кучиња трагачи.
Засега не е познато зошто е извршена евакуацијата, а не се знае ниту дали некои летови се одложени или откажани.