Москва тврди дека илјадници цивили се евакуирани од бунтовничките области во источна Украина, поконкретно дека повеќе од 60.000 цивили од источна Украина се евакуирани во Русија.
Според рускиот министер за вонредни ситуации Александар Чупријан, 61.000 луѓе ја минале руската граница и биле евакуирани во девет возови во други делови на Русија.
Сепаратистичките лидери во Доњецк и Луганск најавија планови за евакуација на стотици илјади луѓе во Русија, бидејќи пристигнуваат извештаи за мобилизација.
Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушлин, се сретна со луѓето што заминуваат во петокот и рече дека се надева оти тоа не е долгорочно решение, туку дека безбедноста е најважна.
Соединетите Држави ја опишаа евакуацијата како циничен обид да се оттргне вниманието од претстојната руска инвазија на Украина, пренесува Би-Би-Си.
Да потсетиме, од Русија пристигнуваат пораки дека оваа земја е загрижена поради зголемувањето на непријателствата.
Западот одговара со тврдење дека повеќе од 100.000 руски војници се распоредени на украинската граница и дека бројот продолжува да расте.
Западот исто така тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина додека Русија ги отфрла таквите депортации.