EUAA: Од Русија во март избегале 300 илјади граѓани

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за азил на ЕУ (ЕУАА) денеска објави проценка дека над 300 илјади руски граѓани ја напуштиле Русија во текот на март 2022 година, по почетокот на инвазијата на Украина.

Loading...

Податоците на EUAA покажуваат дека најмногу руски емигранти отишле во земјите од Централна Азија и Јужен Кавказ, а потоа следат Турција и европските земји, пренесува РТВ.

„Кога станува збор за барањата за меѓународна помош, барањата за азил поднесени од руските граѓани се удвоија во март во споредба со февруари и достигнаа 1.400, што е рекордно ниво од август 2018 година“, соопшти ЕУАА.

Агенцијата за азил на ЕУ наведува дека граѓаните на Русија во претходните месеци го почувствувале „економското влијание на инвазијата поврзано со санкциите и растот на цените“, но и доживеале „значителни ограничувања на слободата на говорот и собирањето“.

Се проценува дека стравот од одмазда, гонењето за антивоени протести и законите за цензура се значителни притисоци врз мигрантите кои неодамна ја напуштиле Русија.

Во меѓувреме од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, во Европа избегале над 5 милиони Украинци.