Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави нов, шести пакет санкции кои ќе вклучуваат постепено воведување ембарго на руската нафта.
Шестиот пакет санкции на Европската унија за Русија ќе вклучи санкции за високи офицери и војници кои извршиле воени злосторства во Буча.
Сбербанк, најголемата руска банка, ќе биде исклучена од СВИФТ, а покрај Сбербанк од Свифт, ќе бидат исклучени уште две големи руски банки.
Воведена е блокада и на три руски државни медиуми за емитување на нивните програми во ЕУ.
Што се однесува до ембаргото за увоз на руска нафта, тоа ќе се воведува етапно според шестиот пакет санкции.
Земјите од Европската унија ќе добијат шест месеци да се ослободат од зависноста од руската нафта.
Британија: Русите распоредуваат дополнителни сили во источна Украина
Според Би-Би-Си, Унгарија и Словачка ќе бидат исклучени од планот поради прекумерна зависност.
Овој пакет ќе ги задржи и големите инвестиции во победата на Украина во војната и закрепнувањето на нејзината економија.