Европската унија воведе санкции против голем број високи функционери во Мјанмар поради кршење на човековите права, вклучително и министри и воено раководство.
Санкциите вклучуваат замрзнување на имот и забрана за патување за 22 лица, а се однесуваат и на четири правни лица, меѓу кои државни и приватни компании.
Во соопштението од Брисел се вели дека ЕУ е длабоко загрижена поради ескалацијата на насилството во Мјанмар, што доведува до долготраен конфликт со регионални импликации.
„Од воениот удар, ситуацијата постојано и сериозно се влошува.“
По воениот удар на 1 февруари 2021 година, со кој беше соборен цивилниот шеф на владата Аунг Сан Су Чи, избувнаа масовни мирни протести.
Безбедносните сили ги задушија протестите, убивајќи повеќе од 1.500 граѓани, а потоа бунтовничките групи започнаа вооружен отпор кон воената хунта, што некои експерти го нарекуваат граѓанска војна.
ЕУ досега воведе санкции за вкупно 65 лица и 10 правни лица, главно организации, агенции, компании и банки.