ЕУ усвои регулатива за укинување на увозот на руски гас

Сподели со своите пријатели

Земјите-членки на Европската Унија, 27 од нив, денес ја усвоија регулативата за постепено укинување на увозот на руски гас во ЕУ.

Оваа регулатива е клучна пресвртница во постигнувањето на целта на REPoverEU за прекин на зависноста на ЕУ од руската енергија, се вели во соопштението на Советот на Европската Унија.

„Од денес, енергетскиот пазар на ЕУ ќе биде посилен, поотпорен и поразновиден. Се одвојуваме од штетната зависност од рускиот гас и правиме голем чекор, во духот на солидарност и соработка, кон автономна енергетска унија“, рече Мајкл Дамијанос, министер за енергетика, трговија и индустрија на Кипар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Една германска компанија ќе произведува повеќе гранати од цела Америка

Според регулативата, забраната за увоз на руски гас ќе започне шест недели по стапувањето во сила на регулативата.

Постојните договори ќе имаат преоден период, што ќе го ограничи влијанието врз цените и пазарите.

Целосна забрана за увоз на течен природен гас стапува на сила на почетокот на 2027 година, а увозот преку гасоводи од есента 2027 година.

Пред да одобрат увоз на гас во Унијата, земјите од ЕУ ќе ја проверат земјата каде што е произведен гасот, а непочитувањето на новите правила може да резултира со казни од најмалку 2,5 милиони евра за поединци и најмалку 40 милиони евра за компании.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија драстично ги намалува царинските давачки за увоз на автомобили од ЕУ

До 1 март 2026 година, земјите од ЕУ мора да подготват национални планови за диверзификација на снабдувањето со гас, како и да ги проценат потенцијалните предизвици во замената на рускиот гас.