Германскиот министер за финансии Ларс Клингбеил изјави дека Европската Унија мора единствено и решително да одговори на евентуалните американски царини.
Loading...
Тој нагласи дека ЕУ сака успешни преговори со Вашингтон, но е подготвена да дејствува доколку не се постигне договор.
Полскиот министер за трговија Михал Барановски изјави дека Европа може да постигне поповолен трговски договор со САД отколку што другите земји успеале да постигнат досега.
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ изјави дека разговорите со Американците се интензивирале.
Тој, исто така, најави претстојна средба со американскиот министер за трговија Хауард Лутник, веројатно во Брисел или на состаноците на ОЕЦД.