ЕУ се одлучи за привремена заштита на украинските бегалци

Сподели со своите пријатели

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки во четвртокот едногласно го поддржаа активирањето на директивата за привремена заштита на украинските бегалци на територијата на Европската унија.

Тоа го изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

 

Најмалку 22 цивили загинаа во гранатирање на станбена област во Чернихив

 

„Земјите членки едногласно го прифатија предлогот, директивата беше активирана. Европската унија го задржа единството и испрати многу јасна порака од хуманитарен карактер, јасна порака за разбирање за страдањата на украинскиот народ“, рече Божиновиќ по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Божиновиќ рече дека сега откако е донесена одлуката, потребно е само стручните служби да го доработат текстот и да го преведат на сите официјални јазици и ќе може да се примени.

Директивата, која е во сила од 2001 година, но никогаш претходно не била користена, дозволува на бегалците од земја зафатена од војна да им се издаваат дозволи за престој, право на работа, социјална и здравствена заштита и образование без да мора да аплицираат за азил.

 

Путин се обрати: „Никогаш нема да се откажам“

 

Според оваа директива, сите граѓани на Украина и лицата кои се населиле во Украина, како и членовите на нивните семејства на прогонети ќе имаат право на заштита низ Европската унија.

Неукраинските државјани, лицата без државјанство кои легално престојуваат во Украина и не можат да се вратат во нивните земји на потекло, како што се барателите на азил и оние на кои им е одобрена меѓународна заштита и членовите на нивните семејства, исто така ќе можат да добијат заштита во Европската унија.

Оние кои легално живеат во Украина и можат да се вратат во своите земји нема да можат да добијат заштита во ЕУ според оваа директива.

Привремената заштита се доделува прво за една година, а потоа може да се продолжува на секои шест месеци до максимум три години.

 

Украински снајперист погуби руски генерал

 

Божиновиќ рече дека повеќе од милион луѓе до денес влегле во ЕУ од Украина и дека оваа бројка за жал ќе расте со оглед на неселективните напади на руската армија врз градовите.

Досега Хрватска примила над 850 бегалци од Украина, од кои само околу 50 се примени во организирано сместување, а останатите дошле на познати адреси кај некого или некој ги поканил.

„Има луѓе кои сами отишле на украинската граница и донеле во својот дом познати или непознати Украинци. Ова не е само солидарност меѓу земјите-членки туку и меѓу европските граѓани и тоа е нешто што мора да го цениме“, рече Божиновиќ.