ЕУ сака четирикратно да го зголеми производството на микрочипови до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Европската комисија наскоро ќе го претстави планот за четирикратно зголемување на европското производство на електронски чипови до 2030 година, а тоа ќе биде една од главните иницијативи на европската индустрија, клучна од геополитичка гледна точка.

Loading...

„Ние сакаме да достигнеме 20 отсто од светското производство до 2030 година, знаејќи дека дотогаш пазарот треба да се удвои. Затоа, прашање е Европа да го умножи сопственото производство за четири“, рече европскиот комесар за внатрешна трговија Тиери Бретон. весникот Les Echos.

Глобалната економија сега се соочува со недостиг на полупроводници, додека побарувачката е зголемена поради зголемената дигитализација.

Новиот проект, наречен Закон за чипови, делумно ќе биде финансиран од европските фондови, рече Бретон.