ЕУ размислува за ембарго на нафта кон Москва

Сподели со своите пријатели

Земјите-членки на ЕУ ќе размислат за воведување нафтено ембарго на Русија поради инвазијата на Украина, кога ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден оваа недела на серијата состаноци со цел зајакнување на западните санкции против Москва.

Loading...

Во обид да го принуди рускиот претседател Владимир Путин воено да се повлече од Украина, ЕУ, заедно со западните сојузници, веќе воведоа серија рестриктивни мерки за Москва, вклучително и замрзнување на средствата на руската централна банка.

 

Неискусен Британец заминал во војна во Украина и се врати: „Ова е самоубиство“

 

„Работиме на петтиот пакет санкции и предложени се многу нови имиња“, изјави високиот дипломат на ЕУ за Ројтерс, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи разговорите не беа отворени за јавноста.

Се чека средба со Бајден

Како што е најавено, владите на Унијата во понеделник ќе започнат со консултации на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да пристигне во четврток во Брисел на самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ и во форматот Г7, во кој е и Јапонија.

Loading...

 

Драматични снимки од рактерираниот трговски центар во Киев (ВИДЕО)

 

Дипломати за британската агенција изјавија дека балтичките членки бараат ембарго на нафта, како следен логичен чекор, додека Германија предупредува дека не треба да дејствуваме пребрзо поради и онака високите цени на енергијата во Европа.

Москва предупреди дека санкциите на ЕУ за руската нафта може да доведат до затворање на големиот гасовод за Европа, при што земјите од ЕУ ќе се потпрат на Русија за 40 отсто од својот гас, што ја прави Германија една од најнезависните големи економии во ЕУ.