ЕУ: Нова финансиска помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Овој вторник, на 25 јуни, официјално треба да започнат преговорите за членство на Украина во Европската унија.

Loading...

На состанокот во Луксембург (почеток во 15:30 часот) ЕУ на претставникот на властите во Киев ќе му ја предаде рамката за преговори со која се дефинираат насоките за текот на преговорите.

По конференцијата со Украина, Унијата ќе отвори преговори и со Молдавија.

„ЕУ е животно осигурување“ за двете земји, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во пресрет на состаноците во Луксембург.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека овој чекор „го остварува европскиот сон“ на неговите сонародници.

Преговорите, очекувано, би можеле да траат неколку години, а можеби и неколку децении.

Предуслов за влез во ЕУ е, барем во случајот со Украина, мирот со Русија.

Уште пред отворањето на преговорите со Унијата, од Луксембург пристигна уште една добра вест за Киев.

Loading...

„Во текот на следниот месец на Украина ќе ѝ ставиме на располагање 1,4 милијарди евра, а до крајот на оваа година уште една милијарда“, вети високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел.

На прес-конференцијата по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, тој рече дека овие пари треба да се искористат за противвоздушна одбрана, набавка на муниција и помош за украинската индустрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио: Америка е отворена за секаков вид мировни преговори во Украина

Овие пари се всушност камати на замрзнати руски средства. Долго време има планови тие пари да се „пренасочат“ за помош на Украинците.

Советот на ЕУ сега конечно, со противењето на Унгарија, се согласи за користење на 90 отсто од расположливите камати на руски имот во рамките на фондот ЕПФ (Европски мировен фонд) за помош на Киев.

Членовите на групата Г7 неодамна постигнаа договор за обезбедување заеми на Украинците со помош на приходи од камати.

Според Европската унија, во периодот меѓу 2022 и 2024 година за Украина веќе се собрани повеќе од единаесет милијарди евра.

Според Европската комисија, руските средства во вредност од околу 210 милијарди евра се замрзнати во ЕУ.

Од тој имот, според некои проценки, секоја година на сметката за камати просечно се „заработуваат“ меѓу 2,5 и 3 милијарди евра. За 2023 година, финансискиот институт Euroclear, со седиште во Белгија, пресмета дека каматата на рускиот имот изнесува 4,4 милијарди евра.

Loading...

Правен трик

Дополнително, Борел најави дека „можно е да се најде законска процедура со чија помош се спречува секој облик на блокада“.

Притоа, тој веројатно мислеше на Унгарија и противењето на таа земја на идејата за „пренасочување“ на приходите од каматите на рускиот имот во Киев.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто најави дека неговата земја ќе ги испита правните опции што и се достапни во однос на процедурата на ЕУ, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Латвиска министерка: Нема индикации дека Русија сака мир во Украина

Со таа одлука ЕУ ја „преминува црвената линија“, изјави портпаролот на унгарската влада, повикувајќи се на објавата на Сијарто на платформата Х. Шефот на унгарската дипломатија го критикуваше „невиденото кршење на заедничките европски прописи“.

Унгарија на чело на ЕУ

Унгарската блокада во однос на Украина не е ништо ново за ЕУ.

Таа земја со месеци го блокира испраќањето на нова финансиска помош во износ од неколку милијарди евра, исто како и испраќањето на воена помош.

Оваа политика Унгарците ја оправдуваат со страв дека дополнителната помош може да резултира со натамошна ескалација на војната.

Според Борел, вкупната вредност на блокираната помош за Украина е околу шест милијарди евра.

Loading...

Европската унија, пак, го блокира испраќањето пари во Унгарија, поради сомневање за (не)почитување на принципот на владеење на правото.

На 1 јули Унгарија ќе го преземе претседавањето со Унијата во следните шест месеци.

Будимпешта до крајот на оваа година ќе ги води и состаноците на Министерскиот совет, односно ќе биде клучна земја за креирање агенда на состаноци на ниво на ЕУ, како и за започнување процедури за донесување нови закони на ниво на Унијата.

Во однос на претстојната улога што Унгарија ќе ја преземе во ЕУ, односно во контекст на натамошната поддршка на Украина, германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, во понеделникот рече:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Нивото на состав на руската делегација е „декоративно“

„Можеме да ги усвоиме сите овие чекори заедно во Унијата како што правевме во изминатите две години. И тоа е местото каде што ни требаат сите, вклучително и земјата што претседава со Советот“.

Нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Луксембург го усвоија и новиот, 14-ти пакет санкции против Русија.

Loading...

Конкретно, има за цел да затвори дел од „дупките“ што беа забележани во претходните пакети на казнени мерки.

Меѓутоа, околу една точка, земјите-членки не (целосно) ги следеа препораките на Комисијата. И тоа поради Германија.

Имено, Европската комисија сакаше да ги казни оние концерни кои ги „заобиколуваат“ санкциите во трети земји преку нивните филијали во странство.

Во новиот пакет само се наведува дека концерните мора да направат „колку што е можно“ за да не се случат такви работи.

Новиот пакет санкции, меѓу другото, забранува „претовар“ на руски течен природен гас на територијата на ЕУ, со цел да се намалат руските приходи од продажба на енергетски производи.

Loading...

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис оцени дека пакетот санкции со текот на времето станува се послаб и послаб.

Русија го нарече новиот пакет казнени мерки „неефективни“.

На состанокот на Министерскиот совет во Луксембург, меѓу другото, се разговарало и за состојбите на Блискиот Исток и Западен Балкан.