И покрај доцнењето на „Џонсон и Џонсон“ со испорака на вакцини во првата половина на оваа година, земјите од Европската унија нарачаа дополнителни 40 милиони дози од овој производител, потврди претставникот на Европската комисија.
Оваа одлука ја одразува довербата во квалитетот на подготовките на американската компанија Џонсон и Џонсон, но исто така ја одразува и претпазливоста, со оглед на тоа што нарачаната количина е помала од онаа што може да се нарача според договорот, пренесува Ројтерс.
Земјите на ЕУ првично нарачаа 200 милиони вакцини од „Џонсон и Џонсон“, а според договорот, ЕУ може да купи дополнителни 200 милиони дози.
Некои земји од ЕУ одлучија да ја прифатат оваа опција и нарачаа 36,7 милиони дополнителни дози, изјави за Ројтерс портпарол на ЕК, кој ги координира набавките, но не сакаше да каже за кои земји станува збор и кога ќе бидат доставени вакцините.
Според договорот, оваа опција за набавка на дополнителни количини на вакцина требаше да се искористи до март, но ЕУ преговараше за продолжување на тој рок, бидејќи е откупена само една третина од 100-те милиони дози што може да се нарачаат во првата дополнителна транша.
Портпарол на ЕУ потврди дека Унијата преговара за продолжување на рокот за набавка на дополнителни вакцини.

