ЕУ најавува двојно зголемување на воздушната флота за гаснење пожари

Сподели со своите пријатели

ЕУ најави дека ќе ја удвои својата воздушна флота за гаснење пожари ова лето поради предизвиците како што се зголемувањето на шумските пожари предизвикани од климатските промени.

Loading...

„Во последните неколку години се соочивме со најголемите предизвици досега. Катастрофите се случуваат почесто и со поголем интензитет“, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич, зборувајќи за ризиците од шумски пожари во областите кои претходно не беа меѓу загрозените области и за поплавите во Белгија, Германија и Италија.

ЕУ објави дека оваа година во готовност ќе бидат 24 авиони и четири хеликоптери од 10 земји-членки на ЕУ, а дополнително, 11 членки на ЕУ ќе испратат околу 450 пожарникари кои ќе бидат стационирани во Франција, Грција и Португалија, објави Ројтерс.

Јужна Европа се подготвува за лето кое ќе донесе големи суши, а некои области веќе се соочуваат со недостиг на вода, додека земјоделците очекуваат најлоши приноси во последните неколку децении, пренесува Танјуг.