ЕУ лани инвестирала 69 милијарди евра во заштита на животната средина

Сподели со своите пријатели

Земјите на ЕУ во 2022 година инвестирале околу 69 милијарди евра во средства неопходни за обезбедување услуги за заштита на животната средина, објави денеска Евростат.

Loading...

Во оваа категорија спаѓаат пречистителни станици, возила за транспорт на отпад, набавка на земјиште за создавање природен резерват или производство на опрема со помалку штетни емисии.

Корпорациите инвестирале околу 44 милијарди евра или околу 65 отсто од вкупните инвестиции во заштита на животната средина, а јавниот и невладиниот сектор преостанатите 35 отсто или околу 25 милијарди евра.

Учеството на инвестициите во заштита на животната средина во вкупните инвестиции во 2022 година изнесува околу 2,5 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Виктор Орбан: Во Лондон, европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир

Корпорациите издвојуваат 2,0 отсто од вкупните инвестиции за заштита на животната средина, а државите 4,8 отсто.

Најмногу инвестиции во животната средина се однесуваат на отпадни води – 44,0 отсто и услуги за управување со отпад – 25,7 отсто.

Вкупно 10,5 отсто од инвестициите биле наменети за заштита на воздухот, а 7,8 отсто за заштита од радијација, истражување и развој на животната средина.

6,0 отсто од инвестициите се инвестирани во заштита на почвата и подземните води, 4,4 отсто во заштита на биолошката разновидност, а останатите 1,6 отсто се наменети за намалување на бучавата, соопшти Еуростат, пренесува Танјуг.

Loading...