Доколку продолжи сегашниот демографски тренд, уделот на Европејците во светот би можел да падне од сегашните шест на четири отсто, изјави потпретседателката на Европската комисија задолжена за демографија, Дубравка Шуица.
„Доколку продолжи овој тренд на раѓања и смртни случаи, Европа ќе претставува само четири отсто од светското население, што е загрижувачко“, изјави за Хина Шуица Шуица, која минатиот викенд учествуваше на Конференцијата за иднината на Европа во Европскиот парламент.
Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)
Конкретните мерки за демографско обновување, нагласи таа, „се исклучива одговорност на земјите-членки“.
До 2070 година очекуваниот животен век на жените во просек ќе биде 90 години, наспроти денешните 83,7, а на мажите 86 години, додека денес е 78,2, се наведува во извештајот на Шуица, врз основа на кој е креирана Зелената книга за стареење.
Исто така, 30 отсто од европското население ќе биде постаро од 65 години, наспроти 20 отсто во 2019 година. 13 отсто од нив ќе бидат постари од 80 години, наспроти сегашните шест отсто.