ЕУ ќе им забрани на Русија и Белорусија да увезуваат поморска технологија

Сподели со своите пријатели

Европската комисија подготви нов пакет санкции против Русија и Белорусија поради ситуацијата во Украина.

Три белоруски банки ќе бидат исклучени од Меѓународниот банкарски систем (SWIFT), додека извозот на поморски технологии од Русија во Европа ќе биде забранет, пренесува Ројтерс.

 

Крадци пустошат низ Украина, но ако ги фатат ги лепат за столбови (ВИДЕО)

 

Според агенцијата, новиот пакет ќе се разгледува денеска на ниво на постојани претставници во Европската унија.

ЕУ има намера да воведе дополнителни санкции против „руските олигарси“ и пратениците во парламентот.

Да потсетиме, Русија на 24 февруари започна специјална операција чија цел е демилитаризација и денацификација на Украина, како и „заштита на луѓето кои осум години беа изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Руската Федерација, вооружените сили ја напаѓаат само воената инфраструктура и украинските војници, нема закана за цивилното население.

 

Руско Министерство за одбрана: Нашата армија уништи 258 воени објекти во Украина

 

После тоа, западните земји почнаа да воведуваат санкции кон Русија, практично сите сектори на руската економија, а многу земји го прекинаа воздушниот сообраќај со Русија.

Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, санкциите на Западот се многу сериозни, и дека Русија навреме се подготвила за нив.