ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе вклучи криптовалути во пакетот санкции против Русија, со цел да ја направи агресијата на Москва против Украина што е можно поскапа, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Loading...

Тој на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ рече дека санкциите против Русија се многу ефикасни и дека тие го дезорганизираат рускиот финансиски систем и ја парализираат способноста на руската централна банка да ја заштити рубљата, пренесува Ројтерс.

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борељ денеска ја поздрави одлуката на БиХ, Северна Македонија, Црна Гора и Албанија да се приклучат кон финансиските санкции што ЕУ ги воведе на 23 февруари против Руската Федерација.

Шефот на дипломатијата на ЕУ додава дека овие мерки ги поддржале и членките на Европската економска зона, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Украина.

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг денеска најави можност за воведување четврти пакет санкции на ЕУ против Русија.

Како што рече по седницата на Владата, Австрија заедно со ЕУ работи на вклучување на САД на четвртиот пакет санкции против Русија.

Главната цел на овие санкции се олигарсите кои ја поддржуваат руската влада, додаде тој.

Американското Министерство за правда денеска објави дека основа специјална единица која ќе помогне во спроведувањето на санкциите против руските владини функционери и олигарси, со посебна цел да ги заплени нивните јахти, авиони, недвижен имот и друг имот, објави Си-Ен-Ен.

Loading...