Европската комисија денескаја прекина соработката со руски субјекти во областа на истражувањето, науката и иновациите, како и активностите со Русија и Белорусија во програмите за прекугранична соработка, во рамките на Европскиот инструмент за соседство и програмата за регионот на Балтичкото Море.
Од Европската комисија наведуваат дека се одлучиле за овие потези во знак на солидарност со народот на Украина по руската инвазија на таа земја.
РУСКИ ВОЈНИЦИ ВЛЕГЛЕ ВО НИКОЛАЕВ: Борби се водат во делови од градот
Од Комисијата велат дека нема да склучуваат нови договори со руски организации во рамките на истражувачката и научната програма „Хоризонт Европа“, суспендирани се плаќањата кон руските субјекти според постоечките договори, а ќе се ревидираат и сите тековни истражувачки и научни програми.
Истовремено, се наведува дека украинските научници и истражувачи биле „клучни учесници“ во програмите за истражување и иновации на ЕУ во последните 20 години и дека се преземени чекори за добивање на потребните средства од овие програми.
Лукашенко: Белоруските сили нема да им се придружат на Русите во воената инвазија
Што се однесува до суспензијата на Русија и Белорусија од програмата за прекугранична соработка, од Брисел наведуваат дека се работи за актуелната суспензија на плаќањата од фондовите на ЕУ за добрососедската политика и кохезионите фондови кои го поддржаа одржливиот развој долж надворешните граници на ЕУ и намалувањето на разликите во животниот стандард.
Комисијата вели дека итно ги истражува правните и оперативните можности за зајакнување на постоечките програми за прекугранична соработка меѓу земјите на ЕУ кои се најпогодени од кризата во Украина, како што се Полска, Унгарија, Романија и Словачка.