ЕУ ја продолжи употребата на Ковид сертификатите

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент и европските влади се согласија дека правилата за сертификатите за КОВИД ќе останат во сила во следните 12 месеци бидејќи пандемијата на коронавирусот сè уште трае.

Loading...

Претставниците на Европскиот парламент и владите на ЕУ се согласија да ја продолжат регулативата до 30 јуни 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека регулативата може да биде отповикана пред тој рок, доколку здравствената ситуација дозволува.

Сертификатите се наменети да го олеснат слободното движење на луѓето за време на пандемија.

Со помош на QR-код, сертификатот може да се користи за да се докаже дали некое лице е вакцинирано против коронавирус, дали е негативно тестирано за коронавирус или дали се опоравило од ковид-19.

Дигиталната верзија може да се зачува на мобилен уред.

Предлог од февруари

Во февруари, Европската комисија предложи проширување на регулативата за сертификати за ковид.

„Вирусот што го предизвикува Ковид-19 сè уште е распространет во Европа и во оваа фаза не е можно да се утврди влијанието на можното ширење на инфекцијата во втората половина на 2022 година или појавата на нови варијанти“, соопшти Комисијата во изјава.

Проширувањето на регулативата ќе им овозможува на патниците да продолжат да го користат својот сертификат за КОВИД доколку земјите-членки одржуваат одредени мерки за јавно здравје.

Loading...