ЕУ ја повикува Русија да ги исполни своите обврски од Договорот СТАРТ

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека жали поради најавата на претседателот Путин да ги суспендира обврските на Русија според Новиот договор СТАРТ.

Loading...

Како што се наведува во соопштението, ЕУ смета дека Новиот договор СТАРТ е клучен придонес за меѓународната и европската безбедност.

Тој договор, вели Борел, ја ограничува стратешката конкуренција и ја зголемува стратешката стабилност преку зголемување на предвидливоста и взаемната доверба меѓу двете најголеми нуклеарни држави.

Суспендирањето на договорот или неговото раскинување, без соодветен последователен договор, ќе ја загрози европската безбедносна архитектура и значително ќе ги забави напорите за контрола на оружјето, што не е во интерес на ниту една од земјите-членки на Новиот СТАРТ, ниту на која било друга земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили напредуваат во областа Курск

ЕУ ја повика Русија да ги исполни своите обврски од Договорот со овозможување инспекции на Новиот СТАРТ на руска територија и учество во телото за спроведување на Договорот, Билатералната консултативна комисија во временската рамка утврдена со договорот, рече Борел.