Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, остро ја осудија руската воена агресија врз Украина во четвртокот и најавија нови санкции против Руската Федерација.
„Силно ја осудуваме руската воена агресија без преседан врз Украина. Со неиспровоцирани и неоправдани воени дејствија, Русија грубо го крши меѓународното право и ја поткопува европската и глобалната безбедност и стабилност“, велат фон дер Лајен и Мишел во заедничката изјава.
Руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина во четвртокот и ги приземјија силите на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот.
Мишел и фон дер Лајен ја повикуваат Русија веднаш да ги прекине нападите, да ги повлече своите сили од Украина и целосно да го почитува нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност.