ЕУ ја обвинува Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД: Москва испраќа силен одговор

Сподели со своите пријатели

Европските сили ја обвинија Русија дека му помага на Иран да ги таргетира американските сили на Блискиот Исток во четврток, најавувајќи дека ќе го покренат прашањето со американскиот државен секретар Марко Рубио на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Франција, објави Ројтерс.

Двајца западни безбедносни извори и регионален функционер близок до Техеран изјавија дека Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки и помага во надградбата на беспилотни летала моделирани според оние што ги користела Москва во војната во Украина.

Сепак, Русија ги негираше обвинувањата дека споделува разузнавачки информации за американските воени цели на Блискиот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потписот на Трамп ќе се најде на доларот, а неговиот лик на златните монети

Сепак, европските дипломати најавуваат дека прашањето дополнително ќе се дискутира на денешните состаноци на Г7, со оценка дека конфликтите во Украина и Блискиот Исток се меѓусебно поврзани.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека соработката меѓу Русија и Иран е „докажана и континуирана“, додавајќи дека постојат причини да се верува дека Москва во моментов ги поддржува иранските активности, вклучително и оние насочени против американски цели.

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, претходно вчера изјави дека постојат индикации дека Русија му дава разузнавачка поддршка на Иран со цел да ги таргетира американските цели во регионот.

– Го покренуваме ова прашање бидејќи гледаме дека Русија му помага на Иран со разузнавачки информации за напади врз Американци – изјави Калас пред новинарите на состанокот на Г7 во близина на Париз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп подготвува „последен удар“ врз Иран, на маса се четири опции

Според неа, Русија му ја поддржува и на Иран во развојот на беспилотни летала што се користат за напад врз соседните земји и американските воени бази.

Двајца западни безбедносни извори и регионален функционер близок до Техеран изјавија дека Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки и помага во надградбата на беспилотни летала моделирани според оние што ги користела Москва во војната во Украина.

Сепак, Русија ги негираше обвинувањата дека споделува разузнавачки информации за американските воени цели на Блискиот Исток.

Сепак, европските дипломати најавуваат дека прашањето дополнително ќе се дискутира на денешните состаноци на Г7, со оценка дека конфликтите во Украина и Блискиот Исток се меѓусебно поврзани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОАЕ се приклучува на мисијата за отворање на Ормутскиот теснец

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека соработката меѓу Русија и Иран е „докажана и континуирана“, додавајќи дека постојат причини да се верува дека Москва во моментов ги поддржува иранските активности, вклучително и оние насочени против американски цели.

Дводневниот состанок ги собира министрите за надворешни работи на земјите од Г7 – Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите Американски Држави, со учество на Европската Унија.