ЕУ ги продолжи санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија (ЕУ) ги продолжи санкциите против Русија откако беа надминати приговорите на владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е про-московски.

Loading...

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас во понеделникот на мрежата Х напиша дека министрите за надворешни работи на Унијата се согласиле повторно да ги продолжат санкциите кон Русија.

„Ова ќе продолжи да ја лишува Москва од приходите за финансирање на војната. Русија треба да плати за штетата што ја предизвикува“, рече Калас, пренесе Радио Слободна Европа.

Орбан, кој одржува пријателски врски со рускиот претседател Владимир Путин, постојано се противеше на проширувањето на санкциите кон Русија и зголемувањето на европската помош за Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците погодија рафинерија 800 километри длабоко на руска територија (ВИДЕО)

Унгарскиот лидер изрази резервираност за потегот на Киев да го раскине договорот за транзит на руски гас за Унгарија преку Украина.

Сепак, Европската комисија (ЕК) во понеделникот вети дека е „подготвена да ги продолжи разговорите со Украина за снабдување на Европа преку украинскиот гасоводен систем“.

Ројтерс, кој ја виде официјалната изјава, објави дека вели дека ЕК е подготвена да ги вклучи Унгарија и Словачка во процесот, иако нема споменување за продолжување на испораките на руски гас.

„Комисијата ќе контактира со Украина за да побара гаранции во врска со одржувањето на транспортот на гасоводот до ЕУ“, се вели во соопштението.

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за време на викендот дека Киев е подготвен да го олесни транзитот на гас од Азербејџан во Европа како алтернатива на испораките на руски гас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија има „отворени“ разговори со Ал Шара, Дамаск бара екстрадиција на Асад и исплата на отштета?

Украина минатата година одби да го продолжи договорот со рускиот државен гасен гигант Газпром за транзит на гас во Европа, бидејќи Киев и Западот се обидуваат да ѝ ги ускратат на Москва приходите што ги користи за финансирање на војната во Украина.

Повеќето земји почнаа да развиваат алтернативни извори на гас, иако некои, особено Словачка и Унгарија, рекоа дека тоа ќе доведе до неподносливо зголемување на трошоците.