ЕУ ги осуди насилствата во албанскиот парламент

Сподели со своите пријатели

Европската унија го осуди насислтвото на албанските опозициски пратеници за време на гласањето за избор на привремен државен обвинител.

ЕУ ги повика политичкит епартии во Албанија да бидат партнери во спроведувањето важни рефорни клучни за албанската желба да се приклучи кон УНијата, наведува АП.

Опозиционерите вчера фрлија димни бомби во парлемнтот, додека нивните приврзаници се судрија со полицијата пред зградата, спротивставувајќи се на изборот на привремен државен обвинител што го сметаат за неуставно.

И покрај насилството на опозицијата, владејачкото мнозинство ја одржа седницата и ја избра Арта Марку за вд. државен обвинител со 69 гласови од СОцијалистичката партија, по што во чад од дим, Марку поднесе заклетва.