ЕУ ги осуди нападите на Хамас врз Израел

Сподели со своите пријатели

Европската унија со голема загриженост ги следи вестите кои доаѓаат од Израел и недвосмислено ги осудува нападите на Хамас, соопшти денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Loading...

„Ова страшно насилство мора веднаш да престане. Тероризмот и насилството не решаваат ништо. ЕУ изразува солидарност со Израел во овие тешки моменти“, напиша Борељ на платформата X/Twitter, пренесува Танјуг.

Хамас претходно ја презеде одговорноста за ракетниот напад и упадот извршен утринава на територијата на јужен и централен Израел од Појасот Газа, во кој, според израелските медиуми, загинале најмалку пет лица, а 100 се ранети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во ЕУ во август се регистрирани 643.637 нови автомобили

Мохамед Деиф, висок воен командант на Хамас, го најави почетокот на операцијата во пренос на медиумите на Хамас, повикувајќи ги сите Палестинци да се борат, пренесува Ројтерс.

Израелската армија објави дека ја започнала операцијата „Железни мечеви“ како одговор на ненадејниот напад на Хамас утринава.

Израелските одбранбени сили со десетици борбени авиони вршат напади врз локации на милитантната организација Хамас во Појасот Газа, се наведува во соопштението.