ЕУ ги јакне надворешните граници поради Авганистан и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Земјите – членки на Европската унија ја обвинија Белорусија дека директно ѝ се заканува на ЕУ со тоа што ги принудува бегалците кои бараат азил од нивната територија во соседните земји.

ЕУ наведува дека донела „тешка одлука“, и во светлината на државниот удар во Авганистан, дополнително да ги зајакне своите надворешни граници, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Европската унија го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека организирал пристигнување на илјадници луѓе на границите на Литванија, Летонија и Полска со цел да се одмазди за санкциите воведени против Белорусија.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ја обвинуваат Белорусија дека се обидува да ги „инструментализира човечките суштества за политички цели“.

ЕУ се плаши од повторување на европската мигрантска криза во 2015 и 2016 година, кога хаотичното доаѓање на повеќе од милион луѓе од Блискиот Исток ги загрози и преоптовари безбедносните и социјалните системи и охрабри поддршка за екстремно десничарските организации во рамките на Унијата.

Полска распореди стотици војници на границата со Белорусија за да им обезбеди поддршка на граничарите во време кога голем број бегалци сакаат да влезат во земјата.