ЕУ формираше тим за сајбер безбедност за да и помогне на Украина

Сподели со своите пријатели

Европскиот тим за сајбер безбедност вклучува 10 службеници за сајбер безбедност од шест европски земји – Хрватска, Естонија, Литванија, Холандија, Полска и Романија – кои можат да пружат помош на земјите под сајбер напад.

Loading...

Тимот спаѓа во програмата на ЕУ за одбранбена соработка ПЕСКО, што ќе биде негово прво распоредување во мисија од ваков тип.

Шест земји-членки одлучија да го активираат тимот, изјави Маргирис Абукевичиус, заменик министер во литванското Министерство за национална одбрана.

 

 

Украинските служби за сајбер безбедност предупредија на претстојните сајбер напади и закани во понеделникот, поради судирите со Русија во источниот дел на земјата.

Абукевичиус рече дека европските претставници ќе разработат детали со Украина за тоа колку и кои експерти ќе посветат на одредена операција.

Loading...

– Испраќањето тим во Украина е исто така една од опциите што ги разгледуваме – рече Абукевичиус, додавајќи дека тоа ќе зависи од видот на поддршката што Украина ја бара.

Во писмото до лидерите на ЕУ кон средината на месецот, украинската влада побара помош во борбата против хакерските напади врз воената логистика.

Украина во последниве години се соочи со серија големи хакерски напади, од кои многу им се припишуваат на руските безбедносни служби.

Во средината на јануари годинава беше извршен голем хакерски напад на веб-страниците на неколку украински министерства.

Демолирани се веб-страниците на Министерството за одбрана, Министерството за образование, Министерството за енергетика и Министерството за надворешни работи. Хакирана е и веб-страницата на државната служба за итни случаи.