ЕУ договори нови санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Земјите од Европската унија (ЕУ) денеска се договорија за нов пакет санкции против Русија поради нејзината војна во Украина.

Loading...

Ројтерс објави дека 14-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас во ЕУ за натамошна испорака до трети земји.

Исто така, новиот пакет санкции ѝ нуди на ЕУ повеќе алатки за борба против затајувањето санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одложени преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул!