ЕУ денеска ги отвора пристапните преговори со Украина и Молдавија

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Европската унија денеска ќе ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија и им честиташе на овие земји за постигнатите резултати.

Loading...

„Им честитам на Молдавија и Украина за почетокот на пристапните преговори. Ова е многу добра вест за народот на Украина, Молдавија и целата Европска унија. Патот пред нас ќе биде тежок, но полн со можности“, рече таа на платформата X.

Минатата недела земјите-членки на ЕУ ги одобрија преговарачките рамки за пристапување на Украина и Молдавија во блокот.

На 14 јуни, постојаните претставници на ЕУ постигнаа начелен договор за рамката за пристапните преговори меѓу Украина и Молдавија.

Претходно Европската комисија објави дека Украина и Молдавија ги исполнуваат сите критериуми потребни за формален почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Земјите од ЕУ на 14 декември одлучија да започнат преговори со Украина и Молдавија за пристапување во Европската унија, откако унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата на почетокот на гласањето, дозволувајќи одлуката да се донесе едногласно.