Европската унија, преку својата дипломатска служба, ЕЕАС, го осуди руското осудување на затворски казни на тројца адвокати, бранители на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални и повика на нивно „итно и безусловно ослободување“.
„Вадим Кобзев, Алексеј Липцер и Игор Сергунин се осудени на пет и пол, пет и три и пол години затвор за „учество во екстремистичка заедница““, рече портпаролката на ЕУ, Анита Хипер, додавајќи дека тоа го направил рускиот правосуден систем, кој е „фарса“.
„Оваа срамота и апсурдна политички мотивирана пресуда дополнително го покажува целосното непочитување на владеењето на правото и недостатокот на независно судство во Русија. ЕУ најостро го осудува гонењето на адвокатите за извршување на нивните професионални должности и обидот за дополнително слабеење правната заедница во Русија“, напиша Хопер.
Како што наведе таа, „на адвокатите мора да им се дозволи безбедно и без страв да ја вршат својата професија, вклучително и адвокати кои ги застапуваат уапсените и осудените врз политички мотивирани основи“, а руските власти „мора веднаш да престанат со засилената репресија“, да го почитуваат сопствениот Устав и ги исполнуваат своите обврски според меѓународното право, вклучувајќи го и почитувањето на човековите права и слободи.
Тие и сите политички затвореници мора веднаш и безусловно да бидат ослободени.