ЕУ ѝ предложи на Русија прифаќање на ковид сертификатите

Сподели со своите пријатели

Европската унија ѝ предложи на Русија да разговара за потенцијалното взаемно признавање на сертификатите за вакцинација против ковид 19.

Евроамбасадорот Маркус Едерер денес изјави дека ЕУ има дигитални свидетелски сертификати кои им овозможуваат на нејзините граѓани слободно да патуваат во рамките на Унијата, но и закон што предвидува можност за признавање на други слични сертификати.

„Во таа смисла, му се обративме на руското Министерство за здравство и му предложивме да разговараме дали Русија би била заинтересирана за таков процес“, изјави Едерер за ТАС С.

Русија администрира четири домашни вакцини против Ковид 19, од кои регулаторот на Европската унија не одобри ниту една, а Москва исто така досега нема воведено никаква странска вакцина, пренесува Ројтерс.

Leave a Reply