Естонскиот товарен брод Хелт потона денеска во близина на украинското пристаниште Одеса по експлозија, соопшти управителот на бродот.
Loading...
Двајца членови на екипажот се пронајдени во чамец за спасување на море, додека четворица се непознати, изјави за Ројтерс Игор Илвес, директор на агенцијата Виста Шипинг во Талин.
„Можно е да удрил во мина“
„Бродот на крајот потона“, рече тој. „Двајца членови на екипажот беа во чамец за спасување на море, а четворица се водат за исчезнати. Не знам каде се во моментов.
Илвес рече дека е можно бродот да налетал на мина.
Loading...