Естонската премиерка поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Естонската премиерка Каја Калас одлучи да поднесе оставка, објави денеска владата на својата веб-страница.

Loading...

„Премиерката Каја Калас официјално ја информираше владата за нејзината одлука да си поднесе оставка, при што целата влада поднесе оставка заедно со премиерот“, објави естонската влада на својата веб-страница, пренесе агенцијата ТАС С.

На 8 јули Калас објави дека нејзината либерална Реформска партија постигнала договор со две други партии за формирање мнозинска коалиција во парламентот.

Премиерката се согласила да поднесе оставка и да биде повторно именувана од новото парламентарно мнозинство како дел од постигнатиот договор, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во поплавите во Кина загинаа 30 лица, а 80.000 се евакуирани во Пекинг