Ескобар: Се надевам дека Србија ќе воведе санкции кон Русија по формирањето на новата влада

Сподели со своите пријатели

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изрази надеж дека Србија ќе се приклучи на другите земји од Западен Балкан и ќе воведе санкции кон Русија по формирањето на новата влада.

Loading...

„Речиси сите земји од Западен Балкан се согласија на некој начин да ја натераат Русија да ја плати цената за таа инвазија преку санкции, преку поддршка за Украина и нејзиниот народ. Се надевам дека Србија ќе се приклучи на таа група и дека ќе се усогласи со санкциите кога ќе ја формира Владата“, рече Ескобар во вчерашното обраќање на интернет на Самитот на демократијата во Југоисточна Европа, што се одржа во Будва.

 

Јужна Осетија се токажа од референдумот за приклучување кон Русија

 

Темата на собирот, на кој се собраа претставници од ЕУ, САД, Велика Британија и регионот, беше „Војна во Европа: влијание на Балканот“.

Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија, иако се согласи со резолуциите на Обединетите нации (ОН) и со декларациите на Европската унија со кои се осудува руската инвазија на Украина, а официјален Белград таквиот став го оправдува со „заштита на виталните потреби на интересите на земјата.”

 

Loading...

„Русија ќе најде други увозници за својата нафта“

 

Американскиот пратеник за Балканот го поздрави фактот што и ЕУ и НАТО ја потврдија „политиката на отворени врати“.

„Мислам дека е важно ЕУ да ја потврди својата политика на отворени врати. И таа политика не се однесува само на Украина и другите земји во ризик, туку и не потсетува дека уште шест земји се на ред пред Украина“, посочи Ескобар.

 

Америка уапси 10-годишно момче поради закани за пукање во училиште (ВИДЕО)

 

Тој посочи дека земјите од Западен Балкан постигнале „огромен напредок“ и „импресивни реформи“ и изрази надеж дека Европа ќе го спроведе она што го кажува денес кога станува збор за европската интеграција на Западен Балкан.

Loading...