ЕСЕНСКА ОФАНЗИВА: Се асфалтираат и бекатонираат повеќе улици низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово продолжува со реконструкција и изградба на патната мрежа низ населбите и селата во градот.

Loading...

 

 

Како што информира градоначалникот Максим Димитриевски, во изминатите месец дена завршени се повеќе улици кои добија нова асфалтна или бекатонска подлога.

 

 

Loading...

Деновиве завршува бекатонирање на третиот крак од улицата „1“ во населбата Јане Сандански, во народот позната како Бабин дол.

 

 

Во истата таа населба предхотно беше бекаторинан и првиот крак од улицата „1“.

 

 

Loading...

Во меѓувреме завршено е асфалтирањето на улицата „208“ во населбата Карпош.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец баран за издржување затворска казна

Тампониран е и патот во селото Довезенце, а гребан асфалт доби патот кој ги спојува селата Пчиња и Вак’в.

 

 

Loading...

Како што информираат од Општина Куманово и во следниот период ќе продолжи интензивна реконструкција на патните правци во сите населени места во градот.

Никола Ивановски