Еруптираше вулканот Семеру, евакуирано населението (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Властите во Индонезија евакуираа повеќе од 900 луѓе и работат на безбедно враќање на 170 планинари заробени по ерупцијата на планината Семеру, еден од највисоките планински врвови во земјата, соопштија официјални лица.

Нивото на тревога остана на највисоко откако беа регистрирани десет ерупции на вулканот Семеру на островот Јава, кои исфрлаа големи облаци од пепел, објави Ројтерс.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Планинарите ја поминаа ноќта заглавени во камп покрај езерото, на околу 6,4 километри од кратерот, но сега им се помага безбедно да се симнат, изјави Септи Вардани од Националниот парк Семеру.

– Сите планинари со нивните водичи се безбедни. Ситуацијата е под контрола – изјави Вардани за Ројтерс.

 

 

Снимките од Индонезиската агенција за вулканологија покажаа огромен облак од жешка пепел што избувнува од кратерот и ги покрива падините на вулканот.

Последната голема ерупција се случи во декември 2021 година, кога загинаа најмалку 51 лице, а околните села беа покриени со пепел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Богатите во светот сѐ побогати, додека 3,8 милијарди луѓе се сиромашни

Планината Семеру, висока 3.676 метри, е еден од околу 130 активни вулкани во Индонезија, сместена на „Тихоокеанскиот огнен прстен“, сеизмички активна област каде што тектонските плочи се судираат, предизвикувајќи чести земјотреси и ерупции.

 

 

Спасувачката служба на Источна Јава испрати десетици лица за да помогне во евакуацијата, а 956 жители што живеат во близина на вулканот веќе се преместени во училишта, џамии и владини згради, изјави претставникот на агенцијата Прахиста Диан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

– Исто така, распоредивме персонал за да провериме дали има уште селани кои биле заробени – додаде тој.